За нас

Здружението на доктори по медицина специјалисти по медицинска биохемија, во рамките на МЛД е основано во 2003 година во Скопје. До таа година, докторите и фармацевтите специјалисти по медицинска биохемија, беа членови на Здружението на медицински биохемичри на Македонија.

Претседател: од основањето на Здружението до јуни 2008 година беше проф. д-р Бојана Тодорова, која се повлече од здравствени причини, а од јуни 2008 до денес, в.д. претседател е проф. д-р Даница Лабудовиќ;

Членови на Управен одбор до 2007 година: проф д-р Бојана Тодорова, д-р Снежана Кипровска, д-р Маја Тодоровска, д-р. Џавит Балажи, д-р Анета Георгиева, д-р Бранко Јагликовски.

Членови на Управен одбор од 2007 година до јануари 2009 година : проф д-р Бојана Тодорова, доц. д-р Даница Лабудовиќ,
д-р. Соња Тројачанец, д-р Снежана Кипровска, д-р Трпе Јовицоски, д-р. Џавит Балажи, д-р. Анета Георгиева.

Членови на Управен одбор од 2009 година до денес : проф д-р Даница Лабудовиќ, м-р д-р Катерина Тошеска Трајковска,
д-р Соња Тројачанец, д-р Бранко Јагликовски, д-р Џавит Балажи, д-р Слободан Димитров и м-р фарм. Бисерка Симоновска.

Членови на едукативен одбор од 2006 година до денес: проф д-р Даница Лабудовиќ, проф д-р Јасна Богданска, д-р Бранко Јагликовски;

Здружението брои: 85 членови од кои 71 доктори и 14 фармацевти, сите специјалисти по медицинска биохемија или се во моментот на специјализација;

Членување во други асоцијации: BCLF, IFCC, Здружение за атеросклероза на Европа;

Симпозиум: Преданалитичка и аналитичка фаза на лабораториската дејност, 16-17.05.2008, Охрид,

Работилници: “Липопротеини и слободни радикали”, 14-15.04.2006 година, Струга и “ХИВ – болест на современото општество”; 18-19.05. 2007 година , Охрид,

Состаноци: од 2005 до 2009 година се одржани вкупни 17 стручни состаноци во рамките на КМЕ на кои како предавачи беа еминентни професори и наставни лица од Медицински факултет, Фармацевтски факултет, како и членови на Здружението долгогодишни доктори специјалисти по медицинска биохемија. Сите состаноци се одржуваа во Скопје и тоа: во просториите на МЛД во амфитеатрот на Воена болница, во амфитеатарот на „Даре Џамбаз“, и во амфитеатар 2 и амфитеатар на Деканат на Медицински факултет .

За 2010 година се предвидени 5 стручни состаноци, кои како и претходните се акредитирани од МЛД, ЛКМ и ФКМ;

Дел од членовите на Здружението, вработени на Институт за МЕ биохемија, добиените резултати од својата научно-истражувачка работа ги публикуваат во ММП.

Бројни членови ан Здружението имаат добиено благодарници и дипломи за својот придонес во здравството, а проф. д-р Бојана Тодорова е добитник на наградата „д-р Трифун Пановски” во 2008 година за особени заслуги во здравството.